Дома Останати Нејмар: Планирам да станам професионален покер играч

Нејмар: Планирам да станам професионален покер играч

Бразилскиот фудбалер Нејмар во овој момент е еден од најплатените фудбалери во светот, а новиот договор со ПСЖ се очекува да му донесе уште повеќе пари.

Според информациите Нејмар би можел да заработува и 50 милиони евра годишни, па така Бразилецот би уживал во уште поголем лукуз.

Нејмар во февруари го прослави својот 29 роденден, а со новиот договор во Париз би останал до 34 години, а јасно е дека во тие години еден фудбалер влегува во залезот на кариерата.

Нејмар откри дека по завршувањето на фудбалската кариера би можел да стане покер играч.

„Планирам да станам покер игрча. Сметам дека можам да играм на големите турнири кога ќе завршам со фудбалот. Покер почнав да играм во текот на Светското првенство во 2014 година и во истиот момент се вљубив во таа игра, најмногу сакам кога во рака имам пар десетки, тие бројки ме потсетуваат на фудбалот“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Започна нова ера во УФЦ: Оливеира е нов шампион🎥

По заминувањето на Хабиб Нурмагомедов во пензија, појасот за шампион остана без сопственик…