Дома Фудбал Останато Нејмар откри против кој дефанзивец му било најтешко да игра

Нејмар откри против кој дефанзивец му било најтешко да игра

1

Бразилската ѕвезда Нејмар откри дека негов најтежок противник во кариерата му бил Серхио Рамос.

Нејмар долго време играше во Шпанија и тоа за Барселона и одигра многу натпревари против Реал Мадрид. Исто така и откако премина во ПСЖ се среќаваше со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Нејмар отворено призна дека му е најтешко да игра против Рамос.

„Против кој дефанзивец ми било најтешко да играм? Серхио Рамос. Тој е фантастичен стопер, а освоен тоа и постигнува голови. Навистина е тешко да играте против него“, изјави 27 годишниот напаѓач на ПСЖ.

Нејмар потоа го пофали и младиот фудбалер Реал, неговиот сонародник, Винисус Жуниор.

„Винисус е млад и мислам дека во иднина ќе стане неверојатен фудбалер. Ќе стане еден од најдобрите и ќе се бори за Златната топка. Се надевам дека ќе освои се што ќе посака. Тој е одлично момче. Му посакувам среќа“, порача Нејмар.

Ќе потсетиме, Нејамр неодамна се врати на тренинзите на ПСЖ, а наскоро го очекуваат и првите пријателски натпревари во новата сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео: Елмас на дебито во Серија А ги покажа мајсториите

Елиф Елмас синоќа го имаше своето деби во Серија А и со својот Наполи оствари тешка победа…