Дома Фудбал Останато Нејмар организирал крстарење на кое познат јутјубер се фрлил од бродот и исчезнал

Нејмар организирал крстарење на кое познат јутјубер се фрлил од бродот и исчезнал

Бразилските власти во овој период се во потрага по познатиот јутјубер од оваа земја Карлос Алберто Мота Кандрева кој исчезна на 30-ти декември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, според информациите, тој се фрлил од брод и неговото тело се уште не е пронајдено. Медиумите сега објавија и дека крстарењето со бродот од кое се фрлил јутјуберот го организирал Нејмар.

Нејмар во овој период се опоравува од повреда, па го искористил времето и да се забавува. Бразилецот се уште не се огласил околу оваа ситуација.

На забавата на бродот присуствувале манекенки и познати инфлуенсери, а Кандрева наводно скокнал откако се скарал со неговата девојка. Потрагата по неговиот тело веќе влегува во петтиот ден и за жал се помали се шансите за добри вести.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Педри пред една година објави мистериозна порака, сега е јасно што сакал да каже!

Педри Гонзалез не беше во стартниот состав кога Шпанија со 2:0 (1:0) ја победи Франција во…