Дома Фудбал Лига на шампиони Нејмар: Ниту на секунда не помислив дека може да испаднеме

Нејмар: Ниту на секунда не помислив дека може да испаднеме

ПСЖ вчера во драматичен натпревар со головите во 90 и 93 минута од судиското продолжение направи пресврт и ја елиминираше Аталанта од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ако ПСЖ не се пласираше во следната фаза еден од главните виновници ќе беше Нејмар кој до последната минута пропушти неколку големи прилики. Сепак, во последната минута намести гол за спас на ПСЖ. Маркињос изедначи, а само 149 секунди подоцна Чупо Мотинг постигна гол за победа.

„И покрај драматичната победа, ниту на секунда не помислив дека ќе испаднеме. Ништо не може да ме разубеди дека одиме во финале. Заедно поминавме низ тешка фаза, ние сме семејство. Невозможно е како такви да бидеме елиминирани. Ни остана еден натпревар до финалето и две за освојување на ЛШ“, изјави Нејмар.

ПСЖ во полуфиналето на 19 август ќе игра против победникот од утрешниот натпревар помеѓу Лајпциг и Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мурињо му постави ултиматум на Перез: Откриени детали од разговорите за враќање во Реал Мадрид

Можноста за враќање на Жозе Мурињо во Реал Мадрид повторно стана една од главните теми на …