Дома Фудбал Нејмар нема да биде во стартниот тим против Реал

Нејмар нема да биде во стартниот тим против Реал

Најскапиот фудбалер на светот, Нејматр нема да биде во стартниот состав на ПСЖ во вечерашниот натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, тврди „Екип“.

Бразилецот започна како стартер во последниот натпревар викендов против Лил, што му беше прв натпревар после повредата. Сите сметаа дека тоа е знак дека Нејмар е комплетно рехабилитиран и дека ќе игра вечерва на Сантиаго Бернабеу.

Меѓутоа, еминетниот „Екип“ смета дека тренерот Тухел ќе смета на фудбалери кои се во подобра ггорма, па напаѓачкото трио на „светците“ ќе го сочинуваат Килијан Мбапе, Мауро Икарди и Анхел ди Марија.

Ќе биде интересно да видиме каков прием ќе има Нејмар на Сантиаго Бдернабеу при евентуално влегување од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од 2-0 до 2-4: АЗ со четири гола по паузата ја шокира Спарта во Прага!

Спарта водеше со два гола на полувремето, но АЗ Алкмар направи целосен пресврт. Резервисти…