Дома Македонски спорт Нестор: Имав понуди, но сакав да останам во Италија, Пандев е прекрасна личност и легенда на Македонија!

Нестор: Имав понуди, но сакав да останам во Италија, Пандев е прекрасна личност и легенда на Македонија!

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски веќе втора сезона го носи дресот на Удинезе.

Популарниот Нестор сега имаше интервју за италијанските медиуми во кое зборуваше за неговите планови и порача дека е спремен да остане во Удине и да ја чека својата шанса.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Втора година сум во Удинезе и навистина ми се допаѓаат и градот и клбуот“.

Засега македонскиот напаѓач не успева да биде стандарден во првиот тим.

„Јас тренирам 100% и чекам шанса. Со Парма влегов во второто полувреме и дадов свој придонес во враќањето од 0:2 на полувреме. Нормално дека сакам да играм повеќе, секој играч тоа го сака. Мое е да тренирам и да давам се од себе, одлуката е на тренерот“.
Имал понуди, но одлучил да остане во Италија.

„Три-четири клуба покажаа интерес, но моја желба беше да останам во Италија, навикнат сум на животот тука. Ако има други понуди ќе ги разгледам. Во арапските земји има одлични играчи и таму многу се вложува, во Катар се игра следното Светското првенство. Во фудбалот никогаш не можеш да кажеш никогаш. Еден мој соиграч има во Дубаи, има и уште неколку балкански играчи“.

Тема во интервјуто беше и пласманот со Македонија на Европското првенство.

„Среќен сум, испишавме историја со тоа што се пласиравме на Европското првенство. Горд сум што сум дел од една таква група на луѓе. Играме во една комплицирана група со Холандија, Австрија и Украина, но не губиме надеж и сакаме да направиме нешто посебно. Пандев е лидер на Македонија и легенда на нашата земја. Тој е најгоре и сите други доаѓаат после него. За него нема што многу да се зборува, фактите доволно зборуваат. Освои се и на нашата репрезентација и донесе Европско првенство“, изјави Несторовски.

Целото интервју на Несторовски – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …