Дома Фудбал Италија „Нероаѕурите“ влегле во расправија со судијата во соблекувалната

„Нероаѕурите“ влегле во расправија со судијата во соблекувалната

Членовите на Интер имале конфликт со судијата Маурицио Мариани во соблекувалната после завршувањето на дербито со Јувентус.

Изгледаше дека актуелниот шампион ќе дојде до победа против големиот ривал, но „старата дама“ во финишот дојде до изедначување.

Судијата после прегледувањето на ВАР досуди пенал за гостите иако домаќините жестоко протестираа, а Дибала израмни на 1:1.

Тренерот Инзаги и раководството беа незадоволни од одлуката на судијата, па барале објаснување од него во соблекувалната.

Тренерот на домаќините, Симоне Инзаги поради протестирањето заработи и црвен картон, па после мечот го обвини судијата дека им ја одзел победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус за 50 милиони евра ќе го реши голманското прашање

Јувентус сè уште нема трајно решение за позицијата на голман. Се соочија со ограничен буџе…