Дома Фудбал Репрезентации Нема среќа: Го пропушти претходното ЕП поради повреда и сега му се случува истото?!

Нема среќа: Го пропушти претходното ЕП поради повреда и сега му се случува истото?!

Според италијанските медиуми, фудбалерот од средниот ред, Николо Ѕаниоло ќе го пропушти претсојното Европско првенство кое летово се игра во Германија.

Италијанскиот репрезентативец се повреди на натпреварот од 37 коло во Премиер лигата помеѓу Астон Вила и Ливерпул (3:3). Ѕаниоло влезе во игра во 65 минута, а 14 минути подоцна поради повреда беше заменет.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумтие во Италија пренесуваат дека по дополнителните прегледи било утврдено дека играчот на Вила се здобил со тешка повреда на стапалото и и го чека пауза од најмалку еден месец со што го става под знак прашалник за Европското првенство кое започнува на 14. јуни.

Ќе потсетиме, Ѕаниоло поради повреда го пропушти и Европското првенство во 2021 година на кое Италија стигна до титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…