Дома Останати Ракомет Нексе поразен, Вардар до победа и нов рекорд во СЕХА лигата

Нексе поразен, Вардар до победа и нов рекорд во СЕХА лигата

0
milik

Македонскиот и европскиот шампион денес нешто потешко од очекувањата успеа да го совлада Нексе (29:25).

Вардар со денешната победа постави и нов рекорд.

Имено, избраниците на Раул Гонзалес стигнаа до учинок од 17 победи и едно реми што е рекорд во СЕХА лигата, претходно на врвот беше Веспрем кој сезоната 2015/2016 ја заврши без пораз.

Нексе во игра за позитивен резултат беше се до последните минути кога Вардар успеа да искористи неколку грешки на противникот.

Човекот кој ги промени работите беше Лука Циндриќ, тој беше најаефикасниот поединец во редовите на „црвено-црните“. Циндриќ во вториот дел успеа да постигне седум погодоци, а на голот одличен беше и Страхиња Милиќ кој запиша 14 интервенции.

 

 

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Гонзалез: Кога дојдов овде имав поддршка од сите, од публиката, од клубот, од навивачите, од играчите

Раул Гонзалез за жал повеќе нема да биде тренер на нашиот тим Вардар. Шпанецот во едно мно…