Дома Фудбал Некој ја уништува Барселона со откривање доверливи информации: Нова жртва е Ансу Фати

Некој ја уништува Барселона со откривање доверливи информации: Нова жртва е Ансу Фати

Барселона во последно време има многу проблеми со „кртови“ внатре во клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред неколку дена Ел Мундо имаше детали од договорот на Лео Меси вреден 555 милиони евра, што предизивика бурни реакции, а денеска се појави уште една доверлива информација од клубот.

Овој пат жртва е младиот Ансу Фати. Откриено е дека младата надеж на Барселона имал уште една операција на коленото во јануари и тоа поради опоравувањето од првата операција кое не поминало најдобро.

Информацијата за неговото бавно опоравување прво ја објави мадридски АС, а ТВ3 денеска откри дека имало и втора операција и дека постои можност за трета.

Очигледно е дека во каталонскиот клуб постои „крт“ и неверојатно е како вакви информации лесно излегуваат во јавноста.

Фати во ноември ги повреди лигаментите на левото колено и веднаш заврши на операција, но веројатно не била добро направена и не можеше да се врати на нормален тренажен процес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема крај на проблемите: Чуамени повторно ги разочара фановите на Мадрид

Орелиен Чуамени минува низ исклучително тежок период во својата кариера. Ќе биде вистинско…