Раководството на Манчестер Јунајтед се концентрираше за барање на привремен тренер до крајот на сезоната, пренесува „Скај Спорт“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После отазот на Солскјер тимот го води Мајкл Карик, но клубот е во интензивна потрага по нов тренер.
Со оглед на фактот дека тешко може да најде еминентно тренерско име на средина од сезоната, сега раководството бара привремен тренер до крајот на сезоната.




Зидан ја одби понудата на „црвените ѓаволи“, Покетоно и Брендон Роџерс имаат ангажман, па составена е листа од неколку кандидати за тренер до крајот на сезоната.




На листата се наоѓаат Пауло Фонсека, Лусијан Фавре и Ралф Рагник, па клубот веќе остварил контакт со сите овие тренери.