Дома Фудбал Некои работи не се купуваат со пари: Први се пласираа на Мундијалот, први и испаднаа!

Некои работи не се купуваат со пари: Први се пласираа на Мундијалот, први и испаднаа!

Фудбалската репрезентација на Катар е првата која испадна од овогодинешното Светско првенство кое се одржува во нивната земја.

Катар е резултатски најлошиот домаќин, ниту еден од домаќините во историјата на Мундијалите досега не изгубиле во првите два натпревари. Едноставно можеше да се забележи дека оваа репрезентација е далеку од нивото на кое треба да се биде на едно Светско првенство.

Холандија и Еквадор одиграа 1:1, па имаат четири бода, а имајќи предвид дека Сенегал претходно во текот на денот го победи Катар со 3:1, автоматски имаат подобар меѓусебен скор, па дури и да се случи чудо во последното коло тие ќе имаат послаб меѓусебен дуел од Сенегал и сигурно се последни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк ја остави вратата за заминување отворена: Без нов договор, збогум налето!

Капитенот на Ливерпул вели дека ниту самиот не знае каде ќе игра следната сезона. Договоро…