Доскорешниот дефанзивец на Милан, Габриел Палета, кариерата како што стојат работите ќе ја продолжи во Кина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во тековната сезона, Палета не запиша ниту еден настап за „Росонерите“ и во договор со челниците на клубот оваа зима разумно го раскина договорот, а следната дестинација во неговата кариера ќе биде Јингс Сунинг.
Италијанците пишуваат дека 31-годишниот дефанзивец постигнал договор со споменатиот клуб и во следниве денови би требало да отпатува во Кина на потпис на договорот, а кинескиот клуб во битката за неговиот потпис го победи Наполи.
За трансферот на Палера во Кина најголемите заслуги стојат зад името на Фабио Капело, кој инаку е тренер на кинескиот клуб.
Палета освен за Милан низ досегашната кариера настапуваше за Бока Јуниорс, Ливерпул, Парма, Аталанта…