Дома Фудбал Невил без влакна на јазикот: Трансферот на Матиќ апсолутно нелогичен

Невил без влакна на јазикот: Трансферот на Матиќ апсолутно нелогичен

Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека одлуката на Челси да го пушти Немања Матиќ во редовите на големиот ривал во битката за титулата во Премиер лигата е сосема нелогична.

Матиќ ова лето го напушти Челси и премина во Манчестер Јунајтед за 40 милиони фунти. Со „Црвените ѓаволи“ потпиша тригодишен договор.

„Обично кога играч излегува од клубот не го слушате тренерот како јавно се јадува поради тоа. Обично велат дека тогаш е време за разделба, дека тоа е вистинскиот момент… Нема никаков сомнеж дека Конте не го одобри овој трансфер и дека тоа ни најмалку не му се допаѓа. Тоа е навистина чуден потег, навистина, да воопшто продадеш играч на најголемиот ривал. Некогаш таквите договори се остваруваат, но не сум почуствувал дека Матиќ форсирано го напушти Челси, или тоа барем јавно не го правеше. Многу ретко ќе видите вака големи трансфери помеѓу два конкурентни клуба. Чуден потег“, истакна Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…