Иако звучи помалку изненадувачки, Реал Мадрид нема победа на „Сантиаго Бернабеу“ во европските натпреварувања цела година!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако „кралевите“ добро стојат на табелата како во Примера, така и во Лигата на шампиони, сепак факт дека во последно време не играат добро пред својата публика.
Најдобар податок за тоа е дека немаат европски триумф на „Сантиаго Бернабеу“ цела година, односно и нешто повеќе, бидејќи последната победа ја запишаа на 28-ми октомври 2018 година и тоа против Викторија Плзен со 2:1. Само неколку дена подоцна тогашниот тренер Лопетеги доби отказ после поразот од Барселона со 5:1.
После тоа Реал запиша некои катастрофални резултати на својот стадион во ЛШ. Прво загуби од ЦСКА Москва, а потоа во осминафиналето беше декласиран од Ајакс со 4:1. Неколку дена после тој пораз отказ доби и Солари, па на кормилото се врати Зидан.
Французинот оваа сезона го предводеше тимот само во еден натпревар на домашен терен во ЛШ и се спасуваше од пораз против Клуб Бриж (2:2).
Вечерва на „Сантиаго Бернабеу“ гостува Галатсарај во рамките на четвртото коло од ЛШ, па „кралевите“ се надеваат дека конечно ќе ја прекинат црната серија.