Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Неверојатно: Во Катар продолженијата биле еднакви на седум дополнителни натпревари

Неверојатно: Во Катар продолженијата биле еднакви на седум дополнителни натпревари

Светското првенство влегува во самата завршница, преостануваат уште само четири натпревари. Двете полуфинални средби, натпреварот за третото место и финалето. Една од работите по кои ќе се памети овој Мундијал се долгите продолженија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ретко гледавме натпревар со „нормално“ продолжение иако имаше и по неколку такви.

Најмногу продолжение видовме на натпреварот помеѓу Англија и Иран каде што вкупно во првото и второто полувреме се играа рекордни 27 дополнителни минути.

Првите натпревари на Мундијалот ги донесоа и најголемите продолженија, па така во првите четири меча се играа 65 дополнителни минути.

Но, податокот кој го пресметаа статистичарите е навистина неверојатен. Имено, досега ако се соберат сите продолженија во Катар се одиграле дополнителни седум натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…