Дома Останати Кошарка НБА Неверојатниот Лилард со 61 поен ги сруши Дончиќ и Далас 🎥

Неверојатниот Лилард со 61 поен ги сруши Дончиќ и Далас 🎥

Портланд во одличен натпревар го победи Далас со резултат 134:131.

Во навистина неверојатна ноќ неверојатен беше Демијан Лилард.

Далас беше тимот кој влезе подобро во натпреварот. Имаа осум поени предност, но Портланд со серија од 15:0 во завршницата од првата четвртина го сврте резултатот и после 12 минути имаа плус седум 38:31.

Благодарение на неверојатниот Демијан Лилард Портланд ја одржуваше предноста во втората четвртина. На одмор заминаа со плус осум (66:58), меѓутоа Далас не се предаваше. Успеаа во текот на третата четвртина да поведат со три поени предност. Портланд ја врати предноста после третата четвртина (98:95), но Мавси беа тие кои подолго имаа предност во последната четвртина.

Неверојатниот Лилард го одржуваше Портланд во игра. На една минута до крајот погодува тројка за негов 61 поен и така го изедначи рекордот на кариера, потоа Хасан Вајтсајд погодува за водство на Портланд од 132:130 на 40 секунди до крајот.

Дончиќ промаши едно слободно фрлање, на другата страна Меколум од линијата е сигурен за 134:131. На Далас му останаа само три секунди за наапад, Хардвеј не погоди тројка и Портланд дојде до важна победа.

Лилард како што споменавме имаше неверојатна вечер со 61 поен, а додаде и осум асистенции и шест скокови. Кармело Ентони кај Портланд додаде 26, додека на другата страна Порзингис го заврши мечот со 36 поени. Дончиќ имаше учинок од 25 поени, 10 асистенции и осум скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Пеп се држеше за глава, на теренот се пишуваше историја – чудото на Левандовски не се заборава! 🎥

Роберт Левандовски ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи и тоа е сигурно, а…