Дома Останати Кошарка НБА НБА лигата од наредната сезона повеќе нема да се пренесува на „Спорт Клуб“?

НБА лигата од наредната сезона повеќе нема да се пренесува на „Спорт Клуб“?

Веќе подолг период на овие простори главни телевизии на кои се пренесуваат спортските натпреварувања се „Арена Спорт“ и „Спорт Клуб“.

„Спорт Клуб“ ги има правата за преност на Премиер лигата, Ла Лига, Италијанскиот Куп, португалското првенство како и уште неколку послаби натпреварувања. Од друга страна на „Арена Спорт“ оди Серија А, Лига 1, Лигата на шампионите…

Сега како што дознава српски „Телеграф“ „Спорт Клуб“ ги изгубил правата за пренос на најсилната кошаркарска Лига, НБА. Споменатиот медиум денес објави дека од наредната сезона ексклузивните права за пренос на натпреварите од оваа лига ќе ги има „Арена Спорт“.

На „Арена Спорт“ ќе се пренесува и АБА лигата, додека Евролигата како и досега ќе се пренесува на „Спорт клуб“.

Ова се најави кои веројатно ќе се остварат, но не можат да се потврдат се додека не се добие официјална потврда од телевизиската куќа.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вакво нешто не е видено: НБА ќе се доигра на Бахамите

НБА-лигата се прекина пред неколку недели кога беше потврдено дека неколку кошаркари се за…