Дома Останати Кошарка НБА НБА: Кари се врати по девет месеци, дебитираше првиот пик на драфтот, Дончиќ подобар од Јанис 🎥

НБА: Кари се врати по девет месеци, дебитираше првиот пик на драфтот, Дончиќ подобар од Јанис 🎥

НБА сезоната започнува за девет дена, па изминатата вечер започнаа да се играат подготвителните натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После пауза од цели девет месеци поради повреда Стеф Кари се врати на терен.

На првиот подготвителен натпревар пред стартот на НБА лигата, Вориорсите славеа против Денвер со 107:105, Кари постигна 10 поени и запиша 2 асистенции и 2 украдени топки.

Никола Јокиќ за Денвер одигра одличен натпревар и оствари 26 поени и 10 скокови, сепак тоа не беше доволно за неговиот Денвер да дојде триумф.

Големо внимание привлекуваше дуелот на Лука Дончиќ и Антеокумпо. На крајот се радуваше Словенецот, Далас го доби Милвоки со 112:102. На теренот Дончиќ помина 16 минути и за тој период постигна 13 поени и подели четири асистенции, Антетокумпо стигна до дабл-дабл од 25 поени и 10 скока.

Треба да се спомене и дека навивачите на Шарлот добија можност за првпат да го видат првиот пик на овогодинешниот драфт, Ламело Бол. Бол одигра 19 минути против Торонто и не постигна ниту еден поен, имаше пет обиди и ги промаши сите. Сепак запиша 10 скока и 4 асистенции.

РЗУЛТАТИ:

Шарлот – Торонто 100-111, Кливленд – Индијана 107-14, Сан Антонио – Оклахома 108-121, Милвоки – Далас 102-112, Минесота – Мемфис 105-107, Голден Стејт – Денвер 107-105, Јута – Феникс 119-105.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…