Дома Фудбал Англија На хартија изгледа одлично: Лампард ќе има тим од 500 милиони евра!

На хартија изгледа одлично: Лампард ќе има тим од 500 милиони евра!

0

Mногу тренери сонуваат еден дел од тренерската кариера да ја поминат во клубот каде што ги поминале своите најдобри играчки денови.

Таа желба оваа недела му се исполни на Френк Лампард. Поранешниот играч за врска после одличното работење во Дерби го превзема Челзи.

Лампард не го криеше своето воодушевување што ја превзема клупата на „сините“.

Сите се прашуваат како ќе изгледа Челзи во првата сезона на Лампард на клупата.

Мадритски „АС“ ги состави почетните 11 на Челзи кои комбинирано вредат повеќе од 500 милиони евра.

Помеѓу стативите е Кепа Аризабалага со вредност од 60 милиони евра,, додека во последната линија се: Цезар Апсиликуета (35 милиони), Антонио Рудигер (35 милиони), Андрес Кристенсен (30 милиони) и Маркос Алонсо (40 милиони).

Во средниот ред најкап е Нголо Канте со вредност од 100 милиони. Негови партнери се Жоргињо (60 милиони) и Матео Ковачиќ (35 милиони).

Напред се сместени: Вилијан (40 милиони), Пулишиќ (60 милиони) и повратникот Мичу Батшуаи (35 милиони).

Челзи новата сезона ќе ја отвори против Манчестер Јунајтед и тој натпревар на програмата е на 11-ти август.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Абидал: Нејмар е во нашиот список, но не е приоритет!

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, во интервју за „Мундо Депортиво“ изјави дека…