Дома Останати На Тајсон му е понуден реванш против човекот кој го нокаутираше: Тоа е борба која дефинитивно ја сакам! (ВИДЕО)

На Тајсон му е понуден реванш против човекот кој го нокаутираше: Тоа е борба која дефинитивно ја сакам! (ВИДЕО)

Majк Тајсон ги воодушеви сите со најавата дека ќе се врати во рингот.

Иако има 53 години тој и понатаму жестоко удира. Тоа го покажа и со видеото од тренингот кое го објави неодамна.

Сега се јави и првиот противник кој би се борел против Тајсон. Тоа е човекот кој го нокаутираше во финишот од кариерата.

Британецот Дени Вилијамс (54-28) го нокаутираше Тајсон во неговиот претпоследен меч во кариерата во 2004 година. Сега сака да му понуди реванш и повторно да влезе во ринг со него.

„Можам да потврдам дека моите агенти го контактираа Тајсон. Чекаме одговор, тоа е борба која дефинитивно ја сакам. Заинтересиран сум за нова борба“, изјави Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Спид истрча 100 метри за 10,35 пред Болт: Следна цел му се Олимписките игри!

Американскиот стример го воодушеви Јусеин Болт со неофицијален спринт, а зад неговиот напр…