Дома Македонски спорт На светскиот шампион Франција во квалификациите за ЕП ќе и судат Македонци

На светскиот шампион Франција во квалификациите за ЕП ќе и судат Македонци

Во деновите кои следат ширум Европа ќе се играат голем број квалификациски натпревари за Европското првенство во 2020 година.

На овие натпревари најдобриот македонски судија Александар Ставрев ја доби честа да суди натпревар на светскиот шампион Франција.

УЕФА го одреди Ставрев да ја дели правдата во Молдавија каде што оваа селекција ќе игра против светскиот шампион. Ова не е прв пат Ставрев да суди натпревар на Франција.

Претходно на „триколорите“ не им донесе многу среќа бидејќи оваа селекција одигра само 0:0 во квалификациите за Светското првенство во Русија кое изминатото лето го освоија.

На Ставрев ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија ќе биде Александар Мечкаровски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Немили сцени во Тетово: „Балистите“ влегоа на стадион🎥

Фановите на Шкендија не ги испочитуваа пандемиските препораки, направотив, влегоа на стади…