Mладиот фудбалер на Манчестер Јунајтед Макс Тејлор (19) ќе биде во комбинација за настап против Астана.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволи“ во четврток гостуваат кај Астана во Лига Европа, а на воодушевување на спортската јавност Оле Гунар Солскјер за овој натпревар го повика Макс Тејлор.
Тејлор влезе во тимот на Јунајтед само 12 месеци откако го започна лекувањето со хемотерапија.
Сега во четврток може да заигра против Астана во ЛЕ. Претходно во октомври Тејлор веќе настапи на натпревар во тимот на Јунајтед до 23 години.
