Дома Фудбал На повидок трампа меѓу Јуве и Рома

На повидок трампа меѓу Јуве и Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека постои можност за размена на играчи помеѓу клубовите од Торино и Рим.

Судбината на Даниеле Ругани не е позната, неговата ситуација во Јуве не е најдобра.

Клубот не се откажува од него, но Алегри оваа сезона не му дава никаква минутажа, што нормално го тера фудбалерот да размислува за промена на средината.

Познато е дека Челси е заинтересиран за неговите услуги, а интересно е дека неговиот агент Давид Торчија бил во тренинг центарот на Рома, каде наводно разговарал за потенцијален трансфер на својот клиент.

Од друга страна, Јуве е заинтересиран за стоперот на Волчицата, Костас Манолас, па поради тоа италијанските медиуми претпоставуваат дека можна е размена меѓу двата клуба.

Преговорите наводно не се започнати, но постои сериозен интерес од двете страни. Кориере дело Спорт верува дека наскоро двата клуба ќе стапат во контакт по тој повод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова грижа за Спалети: Мекени неизвесен за гостувањето кај АЗ

Јувентус има долга листа отсутни, а настапот на Вестон Мекени во Лигата на Европа ќе завис…