Дома Фудбал На повидок големо изненадување: Хрват ќе ја води Рома?!

На повидок големо изненадување: Хрват ќе ја води Рома?!

Eдна од главните теми во фудбалската јавност денеска е отказот кој Даниеле Де Роси го доби во Рома по лошиот почеток на сезоната.

Медиумите во Италија уште веднаш почнаа да пишуваат за неговите потенцијални наследници и ги издвоија Алегри и Пиоли како фаворити (ТУКА), но изгледа дека друг тренер е пред нив.

Наводно, Хрватот Иван Јуриќ во овој момент е првиот фавориот за клупата на римскиот гигант. Се изнесуваат дури и детали од договорот кој би го потпишал со Рома.

Најавите се дека Јуриќ ќе потпише договор до 2025 година со опција за автоматско продолжување ако тимот се пласира во Лигата на шампионите.

Јуриќ во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал ги водеше Верона, Џенова и Торино од каде што си замина во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливаја во нова улога, Хајдук добива пофалби: Најдобар состав во последните години?

По убедливите 5:0 против Горица, Ведран Јеше го пофали составот на Хајдук, а потегот на Га…