Дома Фудбал Италија На Пирло не му оди како тренер: Повторно е пред отказ

На Пирло не му оди како тренер: Повторно е пред отказ

Aндреа Пирло очигледно има уште многу да учи околу тренерската работа.

Поранешнито играч за врска и фудбалер со завидна фудбалска техника, засега не се пронаоѓа во тренерскиот свет.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


Слабо му одеше во Јувентус кога му беше дадена шанса, со Карагумрук во Турција минатата сезона во Турција заврши седми, додека сезонава лошо ја започна со Сампдорија.

Сампдорија со Пирло е претпоследна во Серија Б и има дури пет порази. Поради тоа му се заканува отказ по само осум одиграни кола.

Следниот натпревар Сампдорија го игра против Асколи на Илија Несторовски и тој натпревар многу лесно може да биде последен за Пирло на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бензема го избра неговиот идеален тим и не најде место за Меси и Роналдо

Францускиот напаѓач кој го носи дресот на Ал-Итихад го состави идеалниот тим и во него нем…