Дома Останати Кошарка НБА На „Ол-Стар“ натпреварот ќе се носат специјални дресови во чест на Коби и Џиана

На „Ол-Стар“ натпреварот ќе се носат специјални дресови во чест на Коби и Џиана

Сеќавањето на легендарниот Коби Брајант ќе биде и тоа како живо на претстојниот Ол-Стар викенд во Чикаго – НБА одлучи да му оддаде почит на Коби и неговата ќерка и со специјално дизајнирани дресови.

Раководството на НБА и произведувачот на опрема „Најк“ објавија дека двата тима на „Ол-Стар“ натпреварот ќе носат бројки во чест на Коби и Џиана. Тимот на Леброн ќе го носи дресот со број 2 кој го носеше Џиана, додека тимот на Јанис ќе ја носи 24-ката на Коби.

Освен тоа на дресовите ќе има и девет ѕвезди во знак на сеќавање на деветмината луѓе кои го изгубија животот во падот на хеликоптерот изминатиот викенд.

Покрај ова на Коби ќе му биде оддадено чест и со промена на форматот на натпреварот.

Екипите ќе играат за победа во секоја од првите три четвртина кои како и вообичаено ќе траат по 12 минута. На стартот на втората четвртина ќе се појави „FinalTargetScore“. Тогаш ќе се соберат поените од првите три четвртини, а на поуспешниот и ќе се додадат 24 поени во чест на Коби.

Откако ќе се одреди „FinalTargetScore“ екипите ќе ја играат четвртата четвртина без временски период. Победник ќе биде оној тим кој ќе го достигне „FinalTargetScore“.

Пример: Ако после првите три четвртина резултатот гласи 90:85, 24 поени ќе добие домаќинот поради водството и „FinalTargetScore“ ќе биде 114, ќе победи екипата која прва ќе стигне до овој број на поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ и Марјановиќ им покажаа на Американците како се игра оро 🎥

Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ направија интересен потег пред почетокот на натпреварот про…