Дома Фудбал Италија На Милан вакво нешто не му се случило 17 години

На Милан вакво нешто не му се случило 17 години

Според информациите на медиумите во Италија, Милан сезоната 2022/2023 ќе ја заврши во позитива благодарение на големите приходи. Клубот во изминатата сезона остварил профит од шест милиони евра.

Наскоро „росонерите“ треба да го објават официјалниот финансиски извештај, но медиумите веќе стигнаа до одредени информации.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Калчо Финанца“ пренесува дека Милан за првпат по 2006 година ќе заврши една сезона во плус.

Секако, тоа е благодарение на остварените рекордни приходи и порастот на спонзорските договори. Милан имаше и добра европска сезона во која играше полуфинале во Лигата на шампионите. Целокупниот приход според информациите изнесува околу 400 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ обезбедија место во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако…