Дома Фудбал На ден пред „Ел Класико“ променет главниот судија

На ден пред „Ел Класико“ променет главниот судија

Викендов на програмата е големото шпанско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона, а на еден ден пред „Ел Класико“ се случи промена на главниот судија.

Имено, Матео Лахоз се повреди за време на натпреварот од Лигата на шампиони меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, па нема да може да суди на големото дерби.

Тоа што предизвика голема бура е неговата замена, а станува збор за Хесус Хил Мансано, кој е омразен меѓу навивачите на каталонскиот тим, бидејќи немаат добри искуства со него.

Дополнителен револт постои и поради фактот дека Мансано се сликаше со дресот на Реал Мадрид, а потоа испадна дека тоа бил подарок за неговата внука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јашароски со хет-трик за 22 минути, Илинден му даде шест гола на Перпарими

Илинден победи со 6-0 на гостувањето кај Перпарими, а Ален Јашароски ги постигна првите тр…