Дома Фудбал Англија На денешен ден во 2012: Се сеќавате на овој гол на Сисе? (ВИДЕО)

На денешен ден во 2012: Се сеќавате на овој гол на Сисе? (ВИДЕО)

Голот на Папис Сисе од пред осум години им пркоси на сите закони на физиката.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На денешен ден во 2012 година, Сенегалецот Сисе го постигна еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата.

Во таа сезона од соништата, Њукасл до самиот крај се бореше за пласман во Лигата на шампионите, меѓутоа на крајот заврши како петопласиран тим на табелата со четири бода помалку од Тотенхем.

Тогаш Њукасл беше предводен од чудесниот тандем Демба Ба – Папис Сисе кој заедно постигна 29 голови под водство на Алан Пардју.

На денешен ден Њукасл на гости го победи Челзи кој истиот месец стана шампион на Европа, а Папис Сисе постигна два гола.

Ќе се памети неговиот втор гол од тој натпревар кога со фантастичен удар со надворешниот дел од стапалото го матираше Петар Чех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал се подготвува за најголемиот трансфер во историјата на фудбалот?

Мајкл Олисе по фантастичните сезони и одличното Светско првенство стана една од најголемит…