Дома Фудбал Останато На голманот на Шапикоенсе му ги ампутираа нозете

На голманот на Шапикоенсе му ги ампутираа нозете

Голманот на Шапикоенсе Џексон Фолман ја преживеа авионската несреќа кај Меделин, но за жал останал без двете нозе.

Фолман е еден од тројцата фудбалери, односно еден од шестмината, кои ја преживеаја авионската несреќа во која животите ги загубија 75 луѓе, од кои 19 фудбалери и 20 новинари.

Поради сериозноста на повредите лекарите морале да му ги ампутираат двете нозе и неговата состојба е критична.

„Знаете дека се минимални шансите да преживеете авионска несреќа. Мораме да му се заблагодариме на Бога што нашиот син е жив. Вистина е дека му се ампутирани нозете, но не знаеме каква е неговата состојба. Ова е агонија за која чувствувам дека никогаш нема да помине“, изјави таткото на Фолман, Паул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Oфицијално: Ел Шарави се врати во Џенова!

Како што се најави, Стефан Ел Шарави го заврши својот камбек во Џенова, клубот каде што ја…