Дома Топ вести На Барселона и е забрането да купува нови играчи

На Барселона и е забрането да купува нови играчи

Роналд Куман по се изгледа ќе мора да се задоволи со актуелниот играчки кадар во новата сезона, пренесуваат медиумите.

„Мирор“ тврди дека Ла Лига и забранила на Барселона да троши пари поради актуелната финансиска состојба во клубот која е далеку од поволна.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Клубовите во Шпанија работат стриктно по правилник и преземените финансиски мерки поради новонастанатата ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Барселона во моментов на плати троши преку 500 милиони евра и сега и е забрането да доведува нови играчи доколку не продаде некоја од актуелните ѕвезди.

Токму поради тоа Барса се уште не е активна на трансфер пазарот и  не може да ги донесе играчите кои ги бараше Куман, како Депај и Вајналдум.

„Во УЕФА ги гледаат сите цифри кога сезоната ќе се заврши, а ние поставивме стандарди пред сезоната. Ако Барселона се обиде нешто, нашите аналитичари тоа веднаш ќе го забележат. Ние имаме финансиски систем кој е поинаков од финансискиот фер-плеј на УЕФА“, изјави Жорис Еверс од Ла Лига.

Некои информации говорат дека кризата предизвикана од појавата на коронавирусот Барселона ја чинела 300 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…