Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Најтажната слика од Мундијалот: Последен поздрав за Михајловиќ 🎥

Најтажната слика од Мундијалот: Последен поздрав за Михајловиќ 🎥

По тешка три и пол годишна битка со леукемијата, денеска на 53-годишна возраст почина Синиша Михајловиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И во таа најтешка битка тој беше онаков каков што го паметевме на фудбалските терени ширум Европа – храбар, бестрашен, пркосен…

За жал, таа нерамноправна борба заврши денеска, но она што Миха го остави зад себе, како фудбалер, како тренер, но пред се како човек, ќе остане засекогаш запаметено.

Целиот фудбалски свет денеска се збогува со Миха, од клубовите во кои играше и работеше, до бројни соиграчи, познати фудбалски имиња, до обични фудбалски фанови ширум светот.

Тажна слика ни доаѓа од Светското првенство во Катар, каде денеска се одигра еревијалниот натпревар на фудбалските легенди, кој беше прекинат со оваа страшна вест за прераното заминување на Миха.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…