Дома Фудбал Најслабата репрезентација во светот испиша историја во квалификациите за Европското првенство

Најслабата репрезентација во светот испиша историја во квалификациите за Европското првенство

Репрезентацијата на Сан Марино очекувано квалификациите за Европското првенство ги заврши со десет порази во исто толку натпревари, но исто така испиша и историски успех.

Во последните три квалификациски натпревари во низа Сан Марино постигнуваше гол и тоа досега не успеало на ниту една репрезентација. По домашниот пораз од 1:2 против Данска и изгубениот натпревар од Казахстан со 1:3, вчера Финска ги победи со 2:1.

Голот Сан Марино го постигна во 97. минута и така направи нешто што досега никогаш не им успелао – три гола во низа во европски квалификации. Стрелец на голот беше Берарди.

Инаку, Сан Марино е 207. репрезентација, последна на ФИФА ранг листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Евертон по реакција кај шампионот: Тарковски бара одговор на „Емирати“

По првиот сезонски пораз во Премиер лигата, Евертон му гостува на Арсенал. Тарковски верув…