Meнаџерот на Ливерпул Јирген Клоп го пофали својот напаѓач Дарвин Нуњез откако Уругваецот одигра уште еден ефикасен натпревар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нуњез беше воен стрелец против Спарта Прага на гости во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Европа. „Црвените“ овој натпревар го добија со убедливи 5:1.
Сега Нуњез дојде до бројката од 16 голови оваа сезона во сите натпреварувања, а има и 11 асистенции, па така со вакви бројки сите критики на негова сметка немаат смисла.
„Него тоа не го допира, тој само продолжува да работи напорно“, изјави Клоп.
Нуњез игра во најдобра форма откако е во Ливерпул и постигна пет голови на последните четири натпревари. За Нуњез ова е втора сезона на „Енфилд“.
„Има апсолутно повеќе од добра сезона, мораше да се прилагоди, но сега тоа заврши и се чувствува комотно во екипата. Сака да игра во клубот и заедно со останатите момци, неговиот квалитет сега доаѓа многу повеќе до израз“, изјави Клоп.
Германскиот стратег верува дека Нуњез ќе биде уште подобар.
„Дали е сега на врвот на кариерата?За нас не . Но, може да биде уште подобар. Дали е констатна закана за противниците? Да“, јасен беше Клоп.