Дома Останати Тенис Најновата АТП листа најавува: Прашање на време е кога Надал ќе го симне Ѓоковиќ од тронот (ФОТО)

Најновата АТП листа најавува: Прашање на време е кога Надал ќе го симне Ѓоковиќ од тронот (ФОТО)

0

Новак Ѓоковиќ поради елиминацијата во 4-тото коло на УС Опен изгуби дури 1820 бодови, додека Надал после титулата доби 1280.

Српскиот тенисер и понатаму е на врвот на АТП листата, меѓутоа сега неговото место е сериозно загрозено и веројатно е прашање на недели кога Надал ќе го престигна.

Прегледот на листата која се појави после финалето не е добра најава за Ѓоковиќ и неговите фанови.

Сега Новак е на врвот со 9865 бодови, а Надал е на второто место со 9225. Значи на Шпанецот му недостасуваат уште 640 поени.

Скоро сигурно е дека Надал ќе го престигне Новак бидејќи до крајот на годината не брани ниту еден бод, додека на Новак му претстои одбраната на титулата во Шангај каде што брани 1000 бодови, потоа Париз со 600 бодови како и финалето на завршниот Мастерс на кој брани 1100 бодови.

Според распоредот има и АТП турнир во Токио и таму Новак може да дојде до 500 бодови со што би се одлепил малку од Надал пред последните два Мастерси како и АТП финалето.

Сепак, тешко е да се очекува дека Надал нема да оствари доволно добри резултати да го симне Новак од врвот, бидејќи може само да собира бодови, додека Новак нема голем простор за напредок. За Ѓоковиќ да има шанси да остане на врвот потребно е да го одбрани Шангај и ги освои Париз и завршниот АТП турнир, меѓутоа и во таква ситуација останувањето на врвот на АТП листата не му е загарантирано.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за новата холандска ѕвезда (видео)

Како што пренесува „ЕСПН“ неколку европски гиганти ја започнале трката за талентираниот хо…