Дома Фудбал „Најк“ официјално го раскина договорот со Гринвуд

„Најк“ официјално го раскина договорот со Гринвуд

 „Најк“ официјално стави крај на своето партнерство со Мејсон Гринвуд, потврди компанијата за спортска опрема.

„Најк“ се откажа од Гринвуд откако беше уапсен со обвинение за силување и физички напад минатата недела.

Минатата недела 20-годишниот фудбалер беше ослободен од притвор со кауција, но истрагата против него продолжува.

Манчестер Јунајтед го суспендираше од тимот и ја повлече спортската опрема со негово име од шоповите.

Американската компанија за производство на спортска опрема денес официјално потврди дека „Мејсон Гринвуд веќе не е спортист на Најк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед, Ливерпул и Челси го следат Браун – Фенербахче бара 30 милиони евра

Англискиот лев бек привлече внимание со настапите за Фенербахче, а меѓу заинтересираните е…