Дома Топ вести Најдобрите фудбалери кои остануваат без договори: Кој ќе го промени клубот?

Најдобрите фудбалери кои остануваат без договори: Кој ќе го промени клубот?


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Јануари станува речиси подеднакво жежок трансфер период како и летото. Многу клубови не сакаат да продаваат играчи на кои им оди добро и сакаат да го задржат костурот на екипата цела сезона, но оние другите екипи на кои не им оди добро, а имаат пари, фрлаат милионски суми за да се засилат.

Имаше доста интересни трансфери од први Јануари до сега, но веројатно главното веќе помина. Сега, фокусот паѓа на фудбалерите на кои им истекува договорот на лето. На многу играчи им истекуваат договорите за шест месеци па за екипите е подобро да ги продадат сега, отколку да останат и без играчот и без пари на лето. Токму овие фудбалери на кои им истекува договорот на лето, ќе бидат главните во ова видео.

Топ фудбалери кој или можат да се купат за многу ефтини пари сега, овој преоден рок, или можат да си заминат за без пари на лето.

1. Милан Шкриниар

Интер не смее да дозволи да го изгуби Словакот. Шеста сезона е незаменлив во одбраната на Интер и ќе биде катастрофално за екипата ако останат без него. Но ако Интер не побрза и притисне за нов договор, подобро да го продаде сега. Секој клуб во Европа ќе биде очаен да го ангажира Шкриниар кој е еден од најдобрите дефанзивци во моментов. Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул веќе се поврзуваат со него, но има долга редица за неговиот потпис.

2. Стефан де Вриј

Остануваме со Интер. Втор на листата, повторно бек на Интер – де Вриј. Не, не ми е јасно што прави Интер. Дозволи двајцата клучни дефанзивци да можат да си заминат за без пари на лето. Добро, најново е дека Интер официјално му понуди нов договор на де Вриј, но потпис уште нема. Холанѓанецот не брза и чека да види дали ќе стигне некоја подобра понуда. Нормално.

3. Лионел Меси (ПСЖ)

На Меси му истекува договорот, но е крајно тешко да се претпостави што ќе се случува со него. Јас мислам дека ќе остане во ПСЖ. Но сега шеиците ќе мора да ги фрлат сите пари на победникот на Светското првенство. Тешко дека ќе се најде екипа која ќе може да му даде поголема цифра на Меси. Ќе го продолжи договорот.

4. Јури Тилеманс (Лестер Сити)

Се уште не можам да поверувам дека никој не го потпиша за релативно мали пари минатото лето. Остана во Лестер каде што е главен во средината, но нов договор за него не е на повидок. Мислам дека Лестер ќе се обиде да го продаде уште зимава и тоа за мали пари. Арсенал, Тотенхем, Њукасл и Барселона се поврзуваат со него во моментов. Ако треба да се обложам каде ќе оди, би рекол Њукасл.

5. Карим Бензема (Реал Мадрид)

Редицата ќе биде долга за освојувачот на „Златната топка“, иако тој не играше на СП, а многумина сметаат дека Франција е подобра без него во тимот. Ќе ја заврши сезоната во Реал, но на лето ќе оди во нова екипа. Мислам дека најблиску до него е Арсенал.

6. Жоргињо (Челзи)

Италијанецот се поврзува со враќање во Италија речиси од моментот кога пристигна во западен Лондон, во Челзи. Се шпекулира дека има интерес од Јувентус, но мислам дека сепак ќе има разговори помеѓу Челзи и играчот за нов договор. Значи опциите се или останување во Челзи или трансфер во Јувентус.

7. Н’Голо Канте (Челзи)

Да, на сликава до Жоржињо е Канте. Уште еден клучен фудбалер на Челзи, уште еден среден играч кој може за без пари да си замине во друг тим. Значи не можам да поверувам дека Челзи е спремен да го изгуби Канте. Добро, јасно е дека има проблеми со повредите минатите три сезони и не играше ниту на СП оваа зима, но тој е се уште најдобар на неговата позиција кога игра. Очекувам нов договор со Челзи, но Канте нема да чека уште долго пред да најде друга опција. Може да бира каде ќе игра, секој би го посакал Канте во својот тим.

Додека го следите видеото поржете не со тоа што ќе притиснете subscribe и клик на звончето. Фала.

8. Маркус Турам (Борусија Менхенгладбах)

Ова е еден од фудбалерите на кои им истекува договорот, а речиси сигурно ќе направат трансфер уште оваа зима. Челзи е последниот клуб кој е поврзан со него во овој преоден рок. Турам постигна 10 голови на 15 натпревари во Бундеслигата оваа сезона, а сега до него може да се дојде за само 15 милиони евра. Мислам дека ќе се испотепаат за него овој месец.

9. Роберто Фирмино (Ливерпул)

Фирмино полека се губи во Ливерпул кај Јирген Клоп и веројатно ќе си замине. Чека нов договор од Ливерпул, но договор сеуште нема. Клоп калкулира и чека да го види во каква форма ќе биде по повредите. Но јас мислам дека време е за нивна разделба. Ако си оди, тоа веројатно ќе биде во Јувентус кој не крие дека го посакува во својот тим.

10.Тони Крос (Реал Мадрид)

Се чини дека осумгодишниот престој на германецот во Реал Мадрид ќе заврши на крајот од сезоната. Крос ќе има 33 години на лето, а Реал веќе мисли на иднината, со доаѓањето на голем број млади играчи од средниот ред. Тешко е да се претпостави каде ќе продолжи Крос, но мислам дека тој ќе се врати во Германија.

11. Марко Асенсио (Реал Мадрид)

Само два старта во Ла Лига за Реал Мадрид оваа сезона кажуваат се за моменталната состојба на Шпанецот, а тој направи малку за да ја зголеми неговата вредност на Светското првенство. Постои голема веројатност дека Асенсио уште зимава ќе ги промени клубските бои. Но ако тоа не се случи сега, на лето дефинитивно ќе има нов тим.

12. Илкај Гундоган

Четирикратниот шампион во Премиер лигата е исклучително корисен во средниот ред на Пеп Гвардиола, но Сити се уште му нема понудено нов договор. Гундоган сака да остане во Сити и мислам дека ќе ги чека до крај. Знаете уште колку топ играчи има на кои им истекува договорот. АМа нема време за сите, треба да се заборавам од зборење. Лемар од Атлетико Мадрид, Рашфорд од Манчестер

Јунајтед, Тросард од Брајтон, Моукоко од Дортмунд, Рабиот од Јуве, Вилфред Заха од Кристал Палас, Белоти, Џеко, Жиру … уште многу ги има.

Некои од нив ќе имаат нов клубв уште оваа зима, некој ќе останат во своите сегашни екипи, а некои ќе прават трансфер на лето.

Екипи, се одјавувам. Следете не, чекај те ги новитетите, гледајте ги шортс видеата и се гледаме за брзо со ново видео. Поздрав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јокиќ со нов фантастичен трипл-дабл во победата на Денвер 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпре…