НБА лигата денес ја објави идеалната петорка за сезоната која се наближува кон својот крај.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Првата петорка во најсилната лига во светот ја предводи Леброн Џејмс со рекорден 12 избор во идеалниот тим, пред Коби Брајант и Карл Малони кој се избирани по 11 пати.
Очекувано во најдобрата петорка се најде и Џејмс Харден кој е најдобар стрелец во лигата (30.4 поени по натпревар), тој е и најсериозен кандидат за МВП на сезоната.
Покрај Леброн и Харден место во најдобрата петорка добија уште Кевин Дурант (Голден Стејт), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс) и Демијан Лилард (Портланд).
Интересно е што место во првата петорка немаше за Расел Вестбрук кој оваа сезона има трипл-дабл учинок од 25.4 поени, 10.3 асистенции и 10.1 скокови по натпревар.
Исто така покрај првата петорка беа познати втората и третата каде што исто така се наоѓаат голем број познати имиња.
Втората петорка ја сочинуваат: Ле Маркус Олдриџ (Сан Антонио); Џианис Антетокоумпо (Милвоки), Демар Дерожан (Торонто), Џоел Ембид (Филаделфија), Расел Вестбрук (Оклахома).
Трета петорка: Џими Батлер (Минесота), Стеф Кари (Голден Стејт), Пол Џорџ (Оклахома), Виктор Оладипо (Индијана), Карл-Ентони Тоунс (Минесота).