Дома Фудбал Останато Најдобриот македонски судија ќе дели правда во ЛЕ во Киев

Најдобриот македонски судија ќе дели правда во ЛЕ во Киев

Aлександар Ставрев кој е најдобар македонски судија ја доби довербата од УЕФА да ја дели правдата во натпреварот помеѓу Динамо Киев и Малме во рамките од групата Б.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


УЕФА го делгираше Ставрев за натпреварот помеѓу поранешниот шампион на Купот на куп победниците (1974/75 и 1985/86) и победникот на Суперкупот од 1975 година, Малме. Помошници на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски.

За Ставрев ова не е прв пат да суди во Европа. Минатата година судеше на три натпревари од групите во ЛЕ. Во последните години од кога суди во ЛЕ нема судено натпревар во Лигата на шампионите. Последниот натпревар на кој ја делеше правдата во најелитното европско натпреварување беше натпревар помеѓу Австрија Виена и Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …