Светот на тенисот го тресе уште еден скандал, сега станува збор за местење натпревари.
Францускиот весник „Л’Екип“ го оцени овој скандал како најголем во историјата. Наделжните тела во овој момент истражуваат 376 натпревари кои се одиграни од февруари 2014 до јуни 2018 година, а вклучени се 181 тенисер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главниот човек на оваа операција бил Григор Саргсјан кој е познат како „Мастер“. Тој е контроверзна личност кој е поврзуван со ерменската мафија. Тој е обвинет дека подмитувал тенисери и местел натпревари. Повеќе работел со играчи кои се под 200. место на АТП листата, односно оние кои помалку заработуваат и може полесно да ги убеди.
Ерменецот „одлежал“ осум месеци затвор откако бил обвинет за овие обвиненија, а бил присутен и на продолжување на судењето во Белгија. Мик Лескур и Жил Окала се двајца тенисери за кои е потврдено дека биле дел од големата мрежа.
Познати се и тарифите за местење. Осомничените добивале по 400 евра за изгубен гем, додека за изгубен меч во двојки во два сета добивале по 2.000 евра, а највисоката сума била околу 3.000 евра.
Наводно за две години низ сметките на лицата од овие мрежи поминале околу осум милиони евра.