Дома Фудбал Останато Најголемиот мит во фудбалот: Ќе ги врати ли Јувентус парите вложени во Роналдо само од продажба на дресови?

Најголемиот мит во фудбалот: Ќе ги врати ли Јувентус парите вложени во Роналдо само од продажба на дресови?

ronaldo

Eден од најголемите митови во светот на фудбалот е поврзан со продажбата на дресови и можноста на тој начин да се врати сумата вложена за купување на голем играч.

Шампионот на Италија на Реал Мадрид ќе му плати 100 милиони евра (на две рати) како оштета, додека на играчот му доделена договор вреден 120 милиони евра. Кога тука ќе ја вклучите сума од 12 милиони евра која Јувентус ќе им ја плати на Спортинг и Манчестер Јунајтед, како и 120 милиони евра данок, се доаѓа до сума од 352 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доколку следите се што се случува на друштвените мрежи и коментарите на голем број навивачи тогаш сте сигурни дека Јувентус таа сума ќе ја врати само од продажбата на дресови.

Тука доаѓаме до еден од најголемите митови во модерниот фудбал.

Колку еден клуб каков што е Јувентус може да заработи од проджабата на дресови и колку има вистина дека добар дел од вложената сума ќе вратат САМО од продажбата на дресови?

Да тргнеме прво од тоа дека Јувентус има договор со „Адидас“ на шест години (2015-2021) вреден 139.5 милиони евра. Во таа сума не е пресметана вредноста на опремата која „Адидас“ му ја доставува на Јувентус на годишно ниво, но тоа и не е толку важен фактор во оваа приказна.

„Бјанконерите“ спаѓаат во топ 10 клубови кога е продажбата на дресови во прашање (на глобален план), но ќе ве изненади податокот дека од 2016 година Јувентус продал вкупно 850.000 дресови.

Сигурно очекувавте да се работи за повеќемилионска бројка. На такво нешто во овој момент може да сметаат само Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Мначестер Јунајтед, а секако дека Јувентус со доаѓањето на Кристиано Роналдо ќе го поправи својот просек.

Кога ќе се земе предвид дека само во првите 24 часа. Јувентус продаде 520.000 дресови од Роналдо јасно е дека доаѓањето на Роналдо е огромна работа. Бројката е навистина година, но тука се сметаат и оние навивачи кои редовно си ги купуваат дресовите на Јувентус, со тоа што сега на нивниот грб ќе биде испишано името на Роналдо.

Да се вратиме на бројките…

Стандардните договори, подразбираме стандардни за најголемите светски клубови, подразбираат да техничкиот партнер добие 85-90% од профитот на продажбата на дресови, а клубот го добива остатокот под услов да се достигне однапред договорената бројка на продадени парчиња.

Познатиот „Гардијан“ во еден од своите текстови пред две години објасни како функционира сето тоа во Манчестер Јунајтед. Тогаш беше проценето дека Златан Ибрахимовиќ ќе продаде дополнителни 300.000 дресови на Манчестер Јунајтед што процентуално гледано е зголемување за 10%, а тоа се покажа како премногу оптимистично.

Земајки ја во предвид цената на дресот и бројот на продадени парчиња, се дојде до сума од околу 30 милиони фѕнти, а тоа значеше дека Јунајтед може да добие само нешто повеќе од три милиони фунти на годишно ниво!

Тука доаѓаме до заклучок дека Јувентус дури и со драстично зголемување на процентот на продадени дресови никако не ќе може да заработи ниту четвртина од парите кои се вложени во купување на Кристиано Роналдо.

И за крај ќе потенцираме уштееднаш, текстот е поврзан само за продажбата на дресови, не и другите бенефинти кои со себе ги носи ѕвезда како Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фа…