Дома Фудбал Лига на шампиони НАЈАВА Севиља – Манчестер Јунајтед, форма, повредени играчи, коефициенти…

НАЈАВА Севиља – Манчестер Јунајтед, форма, повредени играчи, коефициенти…

sevilaa utd

Вечерва на програмата во Лигата на шампионите е натпреварот помеѓу Севиља и Манчестер Јунајтед.

Oва можеби ќе биде и најнеизвесниот натпревар оваа недела. Фаворит за пласман во следниот круг е Манчестер. Фаворит и на овој меч е англискиот тим. Но кога игра Севиља во европа, фаворитските улоги не важат ништо. Шпанската екипа веќе се навикна да игра елиминациски средби, а тие пак и лежат многу добро. Во изминатите неколку години Севиља освои 5 титули во Лигата на Европа, од кои три по ред во 2014, 2015 и 2016 година. Едноставно Севиља знае како да одигра на резултат и знае како да елиминира фаворит.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, она што важи за Севиља важи и за Мурињо, тренерот на Јунајтед. Манчестер игра добра сезона, Мурињо со создаде тим по свој вкус и откако ја загуби битката за титула во Премиер Лигата, сега целосно е насочен кон Лигата на Шампиони. Во последните три меча во домашниот шампионат, Јунајтед два пати загуби на гости, додека славеше единствено над Њукасл дома. Формата им е во надолна линија, но тоа не значи премногу во вакви дуели.

Кога се повредите во прашање. Погба најверојатно се враќа, додека Златан Ибрахимовиќ можеби ќе биде на клупата за резерва. Додека за оваа средба не се комплетно спремни Дејли Блинд, Фил Џонс и Маркос Рохо.

Во редовите на Севиља проблеми со повредите има Карол, Корчиа, Хеис, Хозе Мена, Нолито и Пареха, но ниту еден од нив не е без шанси за настап.

Кога станув збор а за коефициентите во 1xBet тие се прилично изедначени. За победа на Севиља се дава коефициент од 2.87, за победа на Јунајтед 2.70, додека за реми коефициентот изнесува 3.29.

Прелог тип за оваа средба, како и за вториот натпревар вечерва помеѓу Шахтјор и Рома со детална анализа може да прочитате на Кладење.мк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…