Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 НАЈАВА МУНДИЈАЛ: МАРОКО – Можат ли Африканците да му ги „замрсат“ сметките на европските гиганти!?

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: МАРОКО – Можат ли Африканците да му ги „замрсат“ сметките на европските гиганти!?

0

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.

Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Моментално сме во Групата Б, а на ред дојде репрезентацијата на Мароко

МАРОКО

Мароканската репрезентација е е сместена во Групата Б заедно со репрезентациите на Шпанија, Мароко и Иран. Со оглед на квалитетот мали се шансите Африканците да се пласираат во следната фаза.

Ова е четврто учество на Мароко на светските првенства, но нуту еднаш до сега не успеале да ја поминат групната фаза. Репрезентацијата предводена од Евре Ренард супериорно ги помина квалификациите, иако беше во група со фаворизираната Брегот на слоновата коска.

Мароко во мемтов е 42-ра репрезентација на ФИФА ранг листата, а прва ѕвезда во тимот секако е дефанзивецот на Јувентус, Мехди Бенатиа.

Мароко првиот натпревар на Мундијалот го игра против Иран на 15-ти јуни во Санкт Петербург во 17 часот.

На 20-ти јуни во Москва ќе ги одмери силите против европскиот шампион Португалија, а пет дена подоцна ќе биде комплетирана групната фаза со мечот Мароко – Шпанија.

Мароканците на Мундијалот ќе настапат во традиционалните црвени дресови со зелени детали, но имаат две резервни варијанти – со домнинатна бела и зелена боја.

Селекторот Евре Ренард се уште го нема соопштено списикот со 23-та фудбалери кои ќе патуваат во Русија, па ние ќе ви го претставиме веројатниот список.

Голмани: Мунир Мохамеди, Јашин Буну, Ахмет Тахнаоти

Дефанзивци: Мехди Бенатиа, Роман Саис, Мануел Да Коста, Хамза Менди, Бард Бенун, Ашраф Хакими, Набил Дирар.

Среден ред: Јунес Белханда, Мбарак Бусуфа, Карим Ел Ахмади, Софиан Амрабат, Јусуф Бенасер, Амин Харит, Фаикал Фажр, Мехди Карсела.

Напад: Нордин Амрабат, Хаким Зијеч, Калид Бутаиб, Азис Буадуж, Ајуб Ел Каби.

Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има коефициентите за сите натпревари од групната фаза на Мундијалот.

Мароко е благ фаворит во првиот меч против Ирин, па така коефициентот за победа според Coinbet24 изнесува 2.32 за реми 3.00 додека за победа на Иран коефициентот е 3.45.

За вториот натпревар против Португалија, очекувано Мароко е аутсајдер. Коефициентот според Coinbet24 за победа на Африканците изнесува 7.00 за реми 3.85 додека за победа на Португалија коефициентот е 1.54

Мароко е целосен аутсајдер против Шпанија. Коефициенгот во Coinbet24 за победа на „црвената фурија“ е 1.39 за реми 4.50, додека за победа на Мароко изнесува 8.90.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Откриено: Еве како Рамос ја „уништи“ Шпанија при пеналот на Роналдо (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија ремизираше во петокот против Португалија во фантастичниот натп…