Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ ДЕН 6: Завршува првото и започнува второто коло!

НАЈАВА МУНДИЈАЛ ДЕН 6: Завршува првото и започнува второто коло!

Денеска со двата натпревари од група Х завршува првото коло од групната фаза на Светско првенство во Русија.

Во 14 часот во Саранск ќе се судрат репрезентациите на Колумбија и Јапонија. Колумбија беше хит на СП во Бразил, предводена од Хамес Родригес, а сега во тимот го има Радамел Фалкао. Јужноамериканците се се голем фаворит против брзите Јапонци кои трипати досега играле со Колумбија и немаат победа, само едно реми без голови во пријателски меч.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбија: Оспина – Аријас, Мина, Д. Санчез, Мохика – Агилар, К. Санчез, Квадрадо, Родригез – Муриел, Фалкао.

Јапонија: Кавашима – Сакаи, Јошида, Макино, Нагатомо – Хасебе, Шибасаки, Харагучи, Хонда, Инуи – Осако.

Според букмејкерите Колумбија е фаворит на овој меч. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.75 за реми 3.40 додека за победа на „Самураите“ коефициентот е 5.30.

Во 17 часот на стадионот на Спартак во Москва ќе се одигра мечот меѓу Полска и Сенегал. На оваа пресметка ќе се појават две големи ѕвезди, Роберт Левандовски од едната и Садио Мане од другата страна. Полска на хартија е фаворит, но Африканците имаат своја математика и желба да направат сериозен исчекор за да ја минат групата. Сенегал во подготовките покажа дека е силна и организирана репрезентација, со цврста одбрана предводена од Кулибали. Ова е прва меѓусебна пресметка помеѓу двете репрезентации.

Полска: Шчесни, Ребус, Паздан, Беднарек, Пишчек, Гросицки, Горалски, Криховијак, Блашчиковски, Зелински, Левандовски.

Сенегал: К. Ндиаје, Гасама, Мбоџи, Кулибали, Сабали, П. Ндиаје, Кујате, Геје, Балде, Нианг, Мане.

Букмејкерите очекуваат израмнет резултат со мала предност за Полска. Коефициентот за победа на Полска во Coinbet24 изнесува 2.30 за реми 3.00 додека за победа на Сенегал коефициентот е 3.50.

Во вечерниот термин, од 20 часот, почнува второто коло во групата А. На стадион во Санкт Петербург ќе се судрат домашната селекција на Русија и Египет на Мохамед Салах, кој првиот меч го преседе на клупата поради повредата. Селекторот на Египет најави дека Мо ќе игра затоа што е неопходен за да се задржат шансите за осминафинале. Од друга страна, Русија ќе биде без искусниот Алан Џагоев и повторно ќе треба да се потпре на новата ѕвезда на Зборнаја, Александар Головин.

Русија: Акинфеев – Фернандес, Кутепов, Игнашевиќ, Жирков – Зобнин, Газински, Кузиаев, Головин, Черишев – Смолов.

Египет: Ел Шенави – Али Габр, Хегази, Фати, Абделшафи – Хамед, Елнени, Трезеге, Ал Саид – Салах, Мохсен.

Букмејкерите го потценуваат Египет во мечот со Русија. Коефициентот во Coinbet24 за победа на „Фараоните“ изнесува 4.00 за реми 3.10 додека за победа на „Зборнаја“ коефициентот е 2.08

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …