Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Данска – Ериксен и дружината можат да бидат изненадување во Русија

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Данска – Ериксен и дружината можат да бидат изненадување во Русија

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Моментално сме во групата Ц и ќе ви ја претставиме репрезентацијата на Данска.

ДАНСКА

Репрезентацијата на Данска се наоѓа во Групата Ц заедно со репрезентациите на Франција, Перу и Австралија. Со оглед на квалитетот, големи се шансите Данците да се пласираат во следната фаза.

Данска до сега четири пати била учесник на Светските првенства, а највисокиот пласман го имаше во 1998 година кога стигна до четвртфиналето.

Учество на Мундијалот во Русија Данците го обезбедија преку бараж, откако со вкупни 5:1 ја елиминираа Република Ирска.

Данска во моментов е на 12-то место на ФИФА ранг листата, а прва ѕвезда во тимот е секако плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен.

Данска првиот натпревар на Мундијалот го игра на 16-ти јуни против Перу во 18 часот во Саранск.

На 21-ви јуни на програмата е мечот со Австралија, а големото дерби против Франција ќе го играат на 26-ти јуни во Москва.

Данска на Мундијалот ќе игра во дресови изработени од „Хумел“ и тоа првата гарнитура е во традиционално црвена боја, а втората фарнитура е бела со црвени детали.

Селекторот се уште го нема соопштено официјалниот список од 23-ти фудбалери кои ќе патуваат на Мундијалот, па ние ќе ви го претставиме веројатниот список.

Голмани: Каспер Шмајхел, Јонас Лусл, Фредерик Ронол.

Дефанзивци: Јаник Вестергард, Симон Кјаер, Петер Анкерсен, Андреас Бјеланд, Матијас Јоргенсен, Јонас Кнудсен, Јенс Ларсен.

Среден ред: Мајк Јенсен, Вилијам Квист, Томас Делани, Кристиан Ериксен, Лукас Лерагер, Лас Шоне, Пион Систо.

Напад: Николас Бентнер, Николаи Јоргенсен, Мартин Бритваит, Јусуф Полсен и Андреас Корнелиус.

Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има сите коефициенти за групната фаза од Мундијалот, а коефициентот за Данска да биде победник во групата е 7.00.

Во првиот натпревар Данска е фаворит против Перу. Коефициентот во Coinbet24 за победа изнесува 2.09 за реми 3.30 додека за победа на Перу коефициентот е 3.90.

Коефициентот во Coinbet24 за победа на Данска над Австралија изнесува 1.75 за реми 3.55 додека за победа на „кенгурите“ коефициентот е 5.00.

Данска е аутсајдер во мечот со Франција. Коефициентот во Coinbet24 за победа изнесува 5.40 за реми 3.50 за победа на Франција коефициентот е 1.71.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вакво нешто во Серија А не се случило повеќе од половина век

Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезона…