Дома Ракомет Начевски и Николов ќе го судат дербито на четвртфиналето

Начевски и Николов ќе го судат дербито на четвртфиналето

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од четвртфиналните возбудувања на СП во Египет.

ИХФ потврди дека Начевски и Николов ќе ја делатправдата на дербито помеѓу Норвешка и Шпанија. Претходно беа делегирани на Хрватска – Катар.

Дуелот Шведска – Катар им припадна на сестрите Бонавентура кои нас ни судеа два пати. Милошевиќ и Губица ќе судат на Данска – Египет, а на Франција – Унгарија ќе „свират“ Шпанците Гарсија и Марин.

Четвртфиналните натпревари денес се играат денес, два дена подоцна се полуфиналињата, а конечната разврска е во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Марковиќ избира меѓу 35 ракометарки, патот на ЕП почнува со Швајцарија

Македонија го формира составот за Европското првенство во Клуж. Подготовките почнуваат на …