Дома Македонски спорт Мак фудбал Натпреварот Македонија – Косово ќе го обезбедува и косовска полиција

Натпреварот Македонија – Косово ќе го обезбедува и косовска полиција

Натпреварот помеѓу Македонија и Косово во полуфиналето од Лигата на Нации кој е закажан на 26. март ќе го обезбедува и косовската полиција.

Од МВР постигнале договор со полицијата на Косово таа да ги обезбедува гостинските навивачи. Оваа информација ја потврди директорот на полицијата на Косово, Рашид Ќалај.

Косовската полиција ќе биде задолжена за навивачката група „Дарданет“. Полицијата ќе биде со нив од влегувањето во земјава, па се до испраќањето. Покрај тоа гостинската полиција ќе биде со групата и на трибините на Арената „Тодор Проески“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Дац и Александар направија карантинска верзија на „Вардаре не те оставаме“ (ВИДЕО)

Драган Спасов Дац и Александар Митевски се прилично активни во изминатиот карантински пери…