Дома Фудбал Наскоро важен потпис на „Олд Трафорд“

Наскоро важен потпис на „Олд Трафорд“

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи е блиску до потпишување нов договор, пренесуваат англиските медиуми.

Баи влегува во последната година од договорот и двете страни седнаа на преговачка маса за продолжување на соработката.

Последната недела има голем напредок во преговорите и наскоро се очекува дефанзивецот да стави потпис на нов договор.

Баи најпрво побарал средба со Солскјер на која добил уверување дека во иднина ќе добива поголема минутажа.

Двете страни постигнале договор за нова четиригодишна соработка и се очекува само официјализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гужва во хрватскиот втор ранг: Осум екипи во четири бода, Вуковар тоне

Младост Ждралови е лидер по 11 кола, но конкуренцијата е збиена. Вуковар, кој минатата сез…