Смртта на ракометарот на Бутел Скопје, Денис Тот ја потресе македонската ракометна јавност, а овој случај со голем овнимание се следи и во Хрватска.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Вечерњи“ го контактираше амбасадорот на Македонија во Загреб, Милаим Фетаи. Според неговата изјава во крвта на Тот не биле пронајдени наркотици или други супстанци.




„Ќе се води детална истрага. Управителката на клиничкиот центар вели дека нема траги на насилство и дека не е убиство. Се обиделе да го реанимираат, но Денис починал. Неговото срце запрело. Бил предаден на обдукција, по што ќе биде јасно која е причината за неговата смрт. Тоа што е сигурно е дека не бил под наркотични супстанции“, изјавил за „Вечерњи“ Милаим Фетаи.